Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е презадоволен од досегашната актувност на трансфер пазарот.

Откако клубот го потврди ангажманот на Санчо, нов играч на Јунајтед стана и Рафаел Варан.

„Варан е во неговата најдобра форма и години за централен дефанзивец. Има освоено се како фудбалер и е големо засилување за нас. Сега имаме одлична групна на стопери со него, Мегваер, Баи и Линделоф. Саншо е возбудливо засилување за нападот. Како тренер не можете да побарате поголема поддршка по ангажманот на Варан и Санчо.“ – изјави Солскјер.

Манчестер Јунајтед полека склопи сериозен тим па ако и оваа сезона Солскјер не успее да го предводи клубот до посериозен трофеј ќе се соочи со критики и можен отказ и покрај тоа што неодамна доби нов договор до јуни 2024 година.