Манчестер Јунајтед го победи Милан по изведувањето на пеналите на последниот пријателски натпревар од подготовките за новата сезона.

На овој дуел не настапи Погба а островските новинари тврдеа дека плејмејкерот штрајкувал поради желбата да премине во Реал Мадрид. Ова го демантираше тренерот на Јунајтед по денешниот триумф.

„Не го планирав за овој меч, зборував со него на тренинг и знаев дека не се чуствува добро. Погба најверојатно ќе се врати на тренинг на почетокот од следната недела. Не е повреден но не сакавме ништо да ризикуваме. Ќе биде во конкуренција за дуелот со Челси“ – изјави Солскјер.