Проблематичниот Пол Погба до крајот на летниот преоден рок ќе го напушти Манчестер Јунајтед доколку некој клуб плати за него 170 милиони евра.

Ова е одлуката на раководствот на „црвените ѓаволи“ на која се согласил и Оле Гунар Солскјер. Според островските медиуми, Погба може да си бара нов клуб и да бира меѓу Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ(тимовите кои се заинтересирани за офанзивниот плеј) но само ако бидат исполнети условите поставени од Јунајтед за неговата продажба.

Солскјер побарал од управата да добие време за да пронајде адекватна замена за Погба па во случај да се најде клуб кој ќе плати 170 милиони евра ќе мора да чека на Јунајтед. ВО моментот кога Солскјер ќе го добие посакуваното засилување од средниот ред, Погба ќе има право да го комплетира трансферот надвор од „Олд Трафорд“.