Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солшер не беше задоволен по елиминацијата од Карабо Лига купот на Англија.

Манчестер Јунајтед само три дена после победата на Вест Хем со 2:1 во Лондон во Премиер лигата, поразен беше од истиот ривал со 1:0 на Олд Трафорд, во Лига купот, по што доживеаја елиминации од ова натпреварување.

Единствениот гол Ланзини го постигна во деветтата минута.

„Повторно млако го почнавме мечот и тоа мораме да го решиме. Кога примивме гол почнавме да играме добро. Но статистиката не значи кога нема да постигнете гол. Имавме 27 обиди без успех“- изјави Солскјер по поразот од Вест Хем.