По успешната приказна со Бруно Фернандес, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер верува дека има идеално решение за нападот на тимот со ангажман на Андре Силва од Ајнтрахт Франкфурт.

Португалскиот репрезентативец игра одлично оваа сезона во Бундес лигата, и постигна 19 голови на 22 натпревари во сите конкуренции.

Силва кој има 25 години има уште две години договор со клубот од Германија а неодамна изјави дека сака да се проба во Премиер лигата.

Солскјер им најавил на челниците на Јунајтед дека ако Кавани не прифати нов договор, тогаш Силва е следната транфер цел за кој Норвежанецот планира да потроши 30 милиони евра.