Управата на Манчестер Јунајтед ги започнала првичните преговори со Астон Вила за евентуалниот трансфер на Џек Грилиш во летниот преоден рок пренесува „Сан“.

Оле Гунар Солскјер проценил дека трансфер пазарот ова лето ќе се менува и никој не знае како тоа ќе се влијае по цените на играчите. По најавата дека поради Ковид-19 трансфер оштетите ќе паѓаат, постои и можност клубовите да ги покачат цените и да чекаат подобро време за продажба на најдобрите во тимот.

Поради ова Солскјер одлучи дека нема време за губење, ангажманот на Џек Грилиш е „прва мисија“ и се мора да биде завршено до крајот на мај.

Јунајтед на Астон Вила и нуди 50 милиони фунти за Грилиш а играчот би добил 5 годишен договор со неделна плата од 160 000 фунти.