Оле Гунар Солскјер пристигна на утренискиот тренинг во „Каринготн“ а лекарскиот тим го пречека со лоши вести пред пресметката со Рочдејл од Лига Купот закажан за во среда.

Рашфорд нема да биде во комбинација за настап заедно со Марсијал и за дуелот со Арсенал следниот викенд, а неизвесни се Погба и Гринвуд.

Од поодамна отсутни се Баи, Шои и Менсах но проблемот со повредите на напаѓачите го загружува Солскјер кој е пред отказ на „Олд Трафорд“.

„Се сеќавам дека едно време имавме проблем со повредени дефанзивци па мораше Керик дури и Флечер да игра како стопер, сега ни се случува нова криза во напаѓачката линија.“ – изјави Солсјкер.

Можно е во среда за пресметката од Лига Купот најистурен во нападот да биде младиот Чонг а дополнително да бидат повикани играчи од младинскиот погон на клубот.