Манчестер Јунајтед успеа да слави кај ПСЖ и покрај тоа што не беше фаворит за дуелот од Лигата на шампионите.

Оле Гунар Солслјер беше пресреќен од резултатот, но и од играта во дефанзива каде што дебитираше Телес а го немаше Мегваер.

„Мислам дека сега игравме подобро во однос на онаа победа од 3:1 минатиот пат. Различно е чуството, ова е само почеток на групната фаза. Минатиот пат беше во елиминациите и беше еуфорично. Ова го постигнавме без навивачи, но секако е одлично достигнување и заслуживме да победиме. Туанзебе беше одличен, не играше 10 месеци и се покажа супер против Нејмар и Мбапе кои исто така играат добро.“ – изјави Солскјер.