Ливерпул го прегази Јунајтед во дербито на денот во Премиерлигата, дебакл на клубот од  Манчестер на „Олд Трафорд“, пораз со 5-0 кој ја продлабочи кризата, а Оле Гунар Солскјер е под голем притисок.

Солскјер по мечот изјави дека ова е неговиот најцрн ден во кариерата откако е на клупата на Јунајтед.

„Ова е најцрн ден откако сум тренер на Јунајтед,  имавме пораз од  Тотенхем со 6:1, но ова е полошо, многу полошо. Го допревме дното, не може полошо ова, треба побрзо да се рехабилитираме и да се обидеме да го поправиме впечатокот. Поминав долг пат, премногу сме блиску за да се откажеме сега“  – изјави Солскјер.