Манчестер Јунајтед се врати на врвот на табелата во Премиер лигата по победата над Фулам, формата на гостински терен е одлична на „Ѓаволите“ а амбициите растат од натпревар во натпревар.

Солскјер уште еднаш беше прездоволен од Погба кој го постигна голот за победа и потсети дека битката продолжува, секој ден е нов предизвик.

„Мислам дека имавме лош влез во натпреварот, тоа постигнаа гол, ние дури тогаш почнавме да играме добро. Како што и сум кажал многу пати досега, Пол Погба може да направи се, може да игра на повеќе позиции, на брани, да креира шанси и да постигнува голови. Кога победувате во вака тешки натпревари, овие два бодови се екстра. Ајде да видиме каде ќе не однесе ова. Не размислуваме за тоа дека сме на првото место на табелата, работата против Фулам ја завршивме, се насочуваме кон следниот предизвик.“ – изјави Солскјер.

Манчестер Јунајтед во недела ќе го пречека Ливерпул на „Олд Трафорд“ во натпревар од ФА Купот на Англија.