Манчестер Сити е нов шампион на Англија, тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека Сити во моментов е навистина подобар тим.

Солскјер потенцира дека градскиот ривал стигнал заслужено до титулата, неговиот клуб треба да се засили во нападот ако сака следната сезона да стигне до шампионска круна.

„Ако сакаме да ја намалиме разликата што постои меѓу двата клуба во моментов, ќе мора да го засилиме нашиот тим, особено во нападот. Сакам да им честитам на Сити, одиграа фантастична сезона, а јас сум задоволен од моите играчи. Јунајтед треба да се засили, и тоа во нападот“ – изјави Солкјер.

Јунајтед веќе е во преговори за нови играчи, две имиња кои се на радарот на клубот се Хери Кејн кој сака да си замине од Тотенхем, и секако Џејдон Санчо од Дортмунд.