Ливепрул ја продолжи низата без пораз на „Енфилд“ а Јунајтед својата низа без пораз на гостувањата оваа сезона во Премиер лигата.

Дербито во Англија заврши без победник и без голови па разочарување имаше и во двата тима. „Ѓаволите“ останаа на првото место на табелата но со два бода пред Сити кој има и натпревар помалку.

„Разочаран сум што не го искористивме моментот со повредени играчи кај Ливепрул, требаше да оствариме подобар резултат на „Енфилд“. Не го направивме тоа, но можеби и бодот е добар доколку славиме во следниот натпревар против Фулам. Не ги заслуживме трите бода затоа што одигравме лошо во првото полувреме. Во вториот дел се обидовме да победиме, имавме две големи шанси преку Бруно и Пол, но не успеавме. Можеме да играме многу подобро, тоа го знаеме и треба да подобриме неколку сегменти во нашата игра.“ – изјави Солскјер.

Манчестер Јунајтед во среда ќе му гостува на Фулам во 18 коло од Премиер лигата, додека Ливерпул го дочекува Барнли во обид да ја запише првата победа на последните пет меча во Премиер лигата.