Манчестер Јунајтед им соопштил на заинтересираните за Диого Далот дека офанзивниот бек не е на продажба.

Солскјер одлучил да го задржи Португалецот на „Олд Трафорд“ и покрај интересот од Барселона и ПСЖ. Првакот на Франција веќе испратил првична понуда за почетокот на преговорите но Солскјер побарал од Ед Вудворд стопирање на сите активности поврзани со евенутална продажба на десниот бек.

Далот е прва замена за Ван Бисака а во Јунајтед веруваат дека има квалитет за да се бори за стартниот состав на Солскјер.

Далот пристигна на „Олд Трафрод“ во 2018 година, досега одигра 33 натпревари а имаше и неколку повреди поради кои пропушти гол дел од сезоната која сега е во мирување.