Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Алексис Санчез кариерата ја продолжува во Интер, како едногодишна позајмица.

За 18 месеци поминати на Олд Трафорд тој постигна само три гола во дресот на „Црвените ѓаволи“.

Оле Гунар Солскјер открива дека Санчез заминал во Интер за да ја спаси својата кариера.

„Алексис мораше да замине. Тоа му беше потребно. Знаеме дека за него не беше добро во Јунајтед. Потребен му е рестарт, да игра постојано и да постигнува голови. Мислам дека овој чекор е добар за сите. За нас бидејќи ќе го гледаме секој викенд со Ромелу, мислам дека ова е добро за двајцата. Моравме да донесе одлука. Имам доверба во Марсијал и Рашфорд, како и во Гринвуд.“ – истакна Солскјер.