Предводникот на Манчестер Јунајтед, Солскјер се уште верува дека Погба ќе биде подготвен за дуелот со Башакшехир во Лигата на шампионите.

„Се надеваме дека Погба ќе може да игра. Пол тренираше вчера. Да видиме што велат лекарите на денот на натпреварот. Што се однесува до Лук Шо ,се надевав дека ќе се врати за еден месец, но кога играч ќе добие уште една повреда на тетивата, не вреди да се ризикува. Тој сè уште не се врати на тренинзите со тимот. Се надевавме дека ќе пропушти само четири недели, но напротив, тој е поблизу до пропуштање на шест недели.“ – изјави Солскјер.

Манчестер Јунајтед на првото овосезонско соочување со Башахшекир во Турција загуби со 2:1.