Алексис Санчез ќе добие шанса за да се докаже во новата сезона во дресот на Манчестер Јунајтед иако беше најавено дека добил ултиматум за трансфер надвод од Англија.

Солскјер потврди дека Санчез не е избришан од неговите планови и наскоро ќе добие шанса ако остане фит.

„Алексис е професионалец кој секојдневно работи напорно на тренинзите.Тој сакак да биде дел од нашата приказна и скекао дека нема да го прекомандувам во резервите. Тој е одличен играч и не е во натпреварувачка форма но очекуваме од него да го покаже квалитетот со кој располага на теренот“ – изјави Солскјер.

Манчестер Јунајтед во понеделник ќе му гостува на Вулверхемптон во 2 коло од новата сезона во Премиер лигата.