Манчестер Јунајтед ја игра најлошата сезона во последните 30 години, десети натпревар по ред не успеа да победи на гостински терен, последен пат славеше на гостувањето кај ПСЖ во Лигата на шампионите минaтата година.

Бледото и разочарувачко издание на денешниот дуел со Аз Алкмар во Холандија ја прели чашата кај навивачите кои на социјалните мрежи бараат оставка од Солскјер но менаџерот на „Ѓаволите“ има сосема поинакво мислење.

„Многу сум среќен со изданието на момците, освоивме бод на ова гостувањето а прикажавме добри перформанси. Требаше да ги освоиме трите бода, имаше пенал за нас но за тоа не смеам многу за кометнраим.  Одигравме добар натпревар против добар противник на лош терен. Кога освојувате бод на гостувањата а победувате дома, знаете дека се ќе биде во ред. Во Белград одиме на победа и со тоа работите добро ќе бидат поставени за нас.“ – изјави Солскјер по ремито со Аз Алкмар во кое Јунајтед не го погоди ниту еднаш противничкиот гол.

Повеќе поранешни играчи на Јунајтед (Рој Кин, Питер Шмајхел, Мајк Овен…) вечерва посочија дека овој состав е најлошиот во последните десет години и дека управата треба добро да размисли во која насока ќе го води клубот.