Управата на Јунајтед представувана од Ед Вудворд неодамна излезе со став дека стои зад работата на Солскјер но притисокот по Норвежанецот е се поголем.

Навивачите се почесто го креваат својот глас преку социјалните мрежи но и со најразлични скандирања на „Олд Трафрод“ околу иднината на Солскјер на клупата на Јунајтед.

„Не сум сигурен дека имаше потреба да излегува со соопштение. Но во тој момент чуствувал дека треба нешто да се направи. Секако дека бордот разговара за формата на тимот но јас не сум загрижен. Верувам во моите способности и не гитам што пишуваат новинарите.“ – изјави Солскјер.

„Црвените ѓаволи“ вечерва го пречекуваат Арсенал во дербито на колото во Премиер лигата и во случај на пораз на домаќините можно е Солскјер да ја загуби моменталната самодеверба.