Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер истакна дека е горд на своите играчи поради се што покажаа сезонава.

Минатото коло неговиот тим ремизираше со Челзи, а после тој натпревар најмногу се говореше за сомнителниот момент кога не беше досуден за Манчестер Јунајтед.

„Мора да продолжиме понатаму, сега не чека натпреварот со Кристал Палас. Мислам дека судиите имаат тешка работа и нема потреба од дополнителен притисок. Треба да ги оставиме на мира и да ги пуштиме да ги носат најдобрите одлуки што можат“– вели Солскјер.