Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, се пошегува со својот играч за врска Фред, кој по пауза од 1,5 година постигна два гола на вчерашната средба против Бриж во Лига Европа.

Радосен сум за сите, но посебно за Фред, бидејќи бев убеден дека нема да бидам жив кога тој повторно ќе постигне гол. Постојано се шегуваме со него на таа тема, ама ете постигна два гола. Многу сум среќен за него“, рече Солскер.

26-годишниот Бразилец пред вчерашната средба имаше голгетерска пауза од 18 месеци и последен пат постигна гол во септември 2018 година на средбата со Вулверхемптон.