Манчестер Јунајтед за пласман во четвртфиналето од Лига Европа ќе се бори со Милан, одлучи ждрепката во Нион.

Оле Гунар Солскјер кој денеска наполи 48 години, тврди дека е среќен од извлекувањето и со нетрпение го очекува дуелот на 11 март на „Олд Трафорд“.

„Ова е одличен роденденски подарок за мене, нели? Имаме традиција според која добиваме тешки противници во ждрепките, ова е една од тие кога чуствувате дека двомечот е од ранг на Лига на шампионите. Добро е за нас, мојот тим има потреба од предизвик а ние уживаме во предизвиците.  Златан секако дека игра импресивно, има неверојатна кариера играше и за нас а во Милан успеа навистина да ги подигне на друго ниво. Го почитувам многу.“ – изјави Солскјер.

Меѓусебни пресметки на Манчестер Јунајтед и Милан: