Манчестер Јунајтед утре ќе игра против Тотенхем во контролен натпревар и како се ближи терминот така се зголемуваат шпекулациите околу иднината на Погба во екипата на Солскјер.

Според последните најави, Реал Мадрид не се откажува од идејата да го купи репрезентативецот на Франција а ова дополнително ги вознемирува навивачите на Јунајтед. Оле Гунар Солскјер, тренерот на Јунајтед тврди дека досега немало конкретна понуда за Порба и одбива да ги коментира шпекулациите но има порака до навивачите.

„Мислам дека навивачите се свесни што се дава Погба за клубот. Теј е важен дел од нашиот тим. Ова можеме да го потврдиме и јас и играчите и повторно ќе кажам ние не сме имале никаков проблем а неговите перформанси го покажуваат тоа.“ – изјави Солскјер.