29 годишниот фудбалер Марко Вешовиќ на крајот на сезоната ќе го напушти тимот на Легија Варшава. Вешовиќ не е задоволен со многу работи во клубот каде пристигна во 2018-та година.

Иако самиот фудбалер се нема огласено, тоа го направи неговата сопруга Тамара на Инстаграм. Црногорецот мината година доживеа тешка повреа и неговото заздравување траеше подолг период. Пред повредата беше еден од најдобрите играчи на Легија, но сега игра за вториот тим и полскиот тим нема да му понуди нов договор.

Токму поради тоа, неговата партнерка Тамара е бесна:

„Кога најдобриот фудбалер ќе ви се повреди затоа што дава 101 процент за клубот, а вие го оставате сам во инвалидска количка кога патува на операција во Франција- дали е тоа семејство? Кога ќе му кажете дека не можа да ги покрие трошоците за операција и рехабилитација, дали е тоа семејство? Кога ќе му кажете да престане со лекувањето и итно да се врати во клубот, иако не е подготвен ниту 80 проценти затоа што вие немате лекар- дали е тоа семејство? Кога ќе му кажете дека прво мора да игра во четрва лига, во кал, како би успеал да избори место во првиот тим, кога не го почитувате и не му давате ни минута игра во првиот тим- дали е тоа семејство?“– завршува неговата девојка Тамара во своето стори на Инстаграм.