Шпанската актерка со туниско потекло Хика Абук е во врска со фудбалерот на Интер, Ашраф Хакими. Неодамна гостуваше во емисијата Ел Хормигуеро и откри дека се заљубила во фудбалот откако е со Хакими.

Тие двајца се заедно од 2018-та година, а таа признава дека фудбалот пред Хакими воопшто не ја интересирал, но сега секогаш ги гледа неговите натпревари.

„Ашраф е цело време во фудбалот и ако може истовремено гледа два натпревари. Или натпревар и фил со мене. Веројатно, сега ме гледа и игра. Го знам“- се нашали актерката, па додаде:

„Ги гледам сите негови натпревари затоа што сум возбудена кога ќе го видам како игра. И неверојатно, игра се подобро и подобро. Но ако не игра, не гледам натпревари.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hiba Abouk (@hiba_abouk_)