Извршниот потпретседател на Манчестер Јунајтед, Џоел Глејзер испрати отворено писмо до навивачите откако неколку стотици од нив го одложија дербито против Ливерпул минатиот викенд.

Неколку илјади навивачи се собраа пред Олд Трафорд во пресрет на натпреварот, од кои некои упаднаа на стадионот, а полицијата го откажа натпреварот бидејќи не можеше да ја гарантира безбедноста на екипите кои доаѓаат на стадионот.

Навивачите на Јунајтед бараат заминување на семејството Глејзер од клубот кој го обвинуваат за погрешна политика и лоши резултати, а сето тоа кулминираше со основањето и распадот на Суперлигата, чиј потпретседател требаше да биде Џоел Глејзер.

Навивачите доставија план од пет точки до клубот и побараа одговор во рок од една недела, кој го добија.

“Ме допревте со делови од вашето писмо во кое објаснувате зошто ве разочаравме со поддршката за Суперлигата. Искрено се извинувам за тоа. Сакам да ви кажам дека сум свесен за вашата желба за промена и отсега ќе ве консултираме за најважните одлуки за Манчестер Јунајтед.

Ние сме отворени за сите конструктивни предлози и сакаме да разговараме со вас за инвестирање во Олд Трафорд, тренинг центарот и сè што можеме да подобриме во организацијата на натпреварите. Јас и моето семејство навистина се грижиме за Манчестер Јунајтед и нашата примарна цел е и секогаш ќе бидеме да се бориме за трофеи. Нема успех без инвестирање, а ние ќе инвестираме уште повеќе ова лето “, напиша меѓу другото Џоел Глејзер.

Неговото обраќање веднаш го објави МУСТ,  асоцијацијата на навивачи на Манчестер Јунајтед.

“Овој одговор во теорија и само во теорија може да значи почеток на поинаков пристап на раководството на клубот кон навивачите по 16 години молк. Нашите понатамошни активности ќе бидат засновани на потези, а не на зборовите на клупското раководство затоа што имаме премногу пати слушнавме само празни зборови. Ние продолжуваме да бараме право на глас еднакво на тоа на семејството Глејзер и нема да отстапиме од тоа “, одговорија навивачите.