Eпидемијата од коронавирусот ја обви речиси цела Европа, ситуација поради која се одложени на голем број на спортски настани.

Сопственикот на Олимпијакос Евангелос Маринакис ги искористи социјални мрежи и потврди дека е позитивен на новиот вирус кој сее страв меѓу сите луѓе, а она што е загрижувачки што тој во изминатите неколку дена имал контакт со огромен број на луѓе.

Грчкиот газда постојано е на релација Нотингем-Грција поради тоа што ги поседува Нотингем Форест и Олимпијакос.

„Новиот вирус ме „посети“ мене и чувствувам обврска тоа да го знае цела јавност. Се чувствувам добро и ги преземам сите потребни мерки и дисциплинирано ги слушам инструкциите на докторите. Строго им препорачувам на сите мои сограѓани да го  направат истото. На сите ви посакувам брзо заздравување“- напиша Маринакис.