Сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахијан, рече дека ќе ги плати трошоците за превоз на неколку илјади навивачи на „Граѓаните“, кои ќе присуствуваат на финалето на Лигата на шампионите во Порто. Финалето на натпреварот, да потсетиме, е на програмата на 29 мај, а Сити ќе игра против Челси.

„Пеп Гвардиола и тимот имаа извонредна сезона, рече шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахјан и додаде:

Пласманот во финалето на Лигата на шампионите е навистина историски момент за клубот. Неверојатно е важно што повеќе навивачи да можат да присуствуваат на овој посебен натпревар. Особено оние кои го поддржуваа Манчестер Сити толку многу години низ добри и тешки моменти„.

Сити во својата историја никогаш не бил европски шампион.