Веста дека Хери Кејн не се приклучил на тренинг со остатокот на играчите на Тотенхем, нема никаква врска со неговата желба да го напушти клубот и оствари трансфер, како што вчера пренесоа дел од англиските медиуми.

Да потсетиме, Кејн споменуваше дека има желба да си замине, а се споменуваше и сума од 100 милиони фунти која пристигнала од Манчестер Сити, но Тотенхем ја одбил, па заклучокот на медиумите беше дека со своето однесување се обидува да издејствува заминување.

Според Дејли Мејл, вистината сепак е друга, а таа е дека се наоѓа во самоизолација по враќањето од Бахамите, каде беше на одмор по напорната сезона, која заврши со пораз во финалето на ЕУРО 2020.

Доколку тестот на коронавирус биде негативен, Кејн ќе може да се приклучи на тренинзите на крајот на оваа или почетокот на следната недела.