Младиот Норвежанец, Ерлинг Халанд со двата гола против ПСЖ ја предводеше Борусија Дортмунд во победата од 2-1 во првиот осминафинален меч од Лигата на шампиони.

Тој исто така стана првиот фудбалер во историјата на шампионската лига, кој бил стрелец за две различни екипи во една сезона. Претходно Халанд, во дресот на Салзбруг постигна осум погодоци во групанта фаза.

Во мечот против „Светците“ младиот Халанд ги демонстрираше и атлетските способности и на дистанца од 60.метри истрча за неверојатни 6.64 секунди.