Рома и Реал Сосиедад се блиску до спогодба за 24-годишниот играч за врска Аднан Јанузај.

„Волчицата“ го сака Белгиецот на полугодишна позајмица, со право на откуп за 12 милиони евра, но Реал Сосиедад е подготвен да го прати само на позајмица и тоа за 800000 евра, без право на откуп.

Рома во Јанузај ја гледа замената за повредениот Николо Заниоло.

Договорот на Јанузај со Реал Сосиедад е валиден до јуни 2022 година.