Раководството на Манчестер Јунајтед има проблем со продажба на клупските акции, порадо лошата состојба на нивниот „Олд Трафорд“, пишува Daily Mail.

Според изворот ова го констатираа специјалистите по финансии, кои детално ја анализираа состојбата во клубот. Тие сметаат дека се потребни најмалку 200 милиони евра за капиталниот ремонт на славната арена, за да таа барем малку може да се носи со стадионите на Арсенал и на Тотенхем. Дополнителен товар би бил и привремениот стадион каде би настапувала екипата.

Наводно, семејство од Саудиска Арабија е заинтересирано за купување на контролниот пакет на акции, но сегашните сопственици, семејството Глејзер, се подготвени да продадат само 20 % од акциите.