Легендарниот бразилски фудбалер Пеле (80) е во стабилна состојба, ова го тврдат одгворните лица од  болницата во Сао Паоло.

Пеле беше опериран овој месец, каде претходно му беше извршена операција за отстранување тумор од дебелото црево и до вторникот беше на одделот за интензивна нега.

Болницата „Алберт Ајнштајн“ информираше  дека на Пеле му е констатирама   „кратка респираторна нестабилност“ и по префрлувањето на одделот за интензивна нега било само „превентивна мерка“.

Смирувачки пораки преку социјалните мрежи испрати и ќерката на Пеле, Кели Насименто, објавувајќи на Инстаграм дека нејзиниот татко „заздравува добро“.