Пауло Дибала е пред заминување за Јувентус откако во неколу наврати одби да го продолжи договорот со првакот на Италија.

По најавата дека или ќе стави потпис на нова соработка или ќе биде продаден во јануари, со свој став се јави поранешниот потпретседател на Палермо, поранешниот клуб на Дибала.

„Дибала треба да го напушти Јувентус, времето со „Старата Дама него му помина. Тој треба да премине во Наполи, таму ќе најде идеално опкружување и страст од навивачите и тренерот како што е Џенаро Гатузо.“ – вели поранешниот потпретседател на Палермо, Мичиче.