Продолжението на сезоната во Серија А во Италија засега изгледа далеку но работите може да се променат, тврди министерот за спорт Виченцо Спадафора. Медицинскиот протокол е усвоен, на 28 мај ќе може да се разговара за нова дада за рестар на сезоната.

Тој верува дека суспензијата до 14 јуни може да биде сосема доволно и непосредно по тоа спортот да почне да се враќа во ритам.

„Се надеваме дека сезоната ќе може да продолжи што е можно поскоро, но во овој момент нема гаранции за такво нешто. Се надеваме дека силината на пандемијата ќе опаѓа и ќе можеме да прецизираме датум за рестарт. Мислам дека во моментов сме далеку од тоа, но има шанси да гледаме фудбал во Серија А кон средината на јуни.“ – изјави Спадафора.