Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора, изјави дека натпреварите од Серија А ќе се играат престојниот викенд, но пред празни трибини. Денес се одржа средба помеѓу клубовите и министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора, со цел да се реши сè поголемата криза.

„Првенството ќе продолжи според предвидениот план, но мечевите ќе се играат без публика како би спречиле нови заболени лица“-изјави Спадафора пред новинарите.

Серија А е  во хаос по низата одложувања на натрпеварите како резултат наенормното ширење на Коронавирусот во земјата.Натпреварите во одредени региони ќе бидат само одложени.

Хаосот со одложувањата на средбите доведе до голема борба меѓу многу клубови, од кои најгласен меѓу нив е Интер.