Министерот за  спорт на Италија, Винченцо Спадафора го критикуваше начинoт на кој Горан Пандев го прослави постнатиот гол на средбата со Милан.

Спадафора изјави дека Пандев не ги почитувал препораките на министерството.

„Пандев даде лош пример, коронавирусот зема огромен замав, тој не требаше така да  го прослави постигнувањето на голот, не ги почитуваше препораките за „контакт“ со соиграчите“ – изјави Спадафора.

Пандев постигна гол против Милан на гостувањето во Милано.