Новиот бран кој го зафати светот со Ковид-19 и проблеми со кои се соочуват и најразвиените земји се сериозна препрека за нормално функционирање на спортот.

Вичено Спадафора тврди дека властите во Италија прават се што можат, но клубовите и фудбалерите во Серија А се тие кои мора да се придржуваат до проколот за заштита од вирусот.

„Можеме успешно да менаџираме, но не знам колку тоа ќе издржиме да го правиме. Нема никакви гаранции не само за Серија А, туку и за сите останати дејности и аспекти во ова ново нормално. Серија А мора најде план Б и план Ц. Има многу нови случаи со Ковид-19 во последните неколку дена, разговараме за протоколот. Ако клубовите и играчи не го почитуваат, ние не можеме ништо да сториме околу тоа.“ – вели Спадафора.