Поранешниот тренер на Рома и Интер, Лучано Спалети најверојатно ќе биде тренер на Наполи,  и на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас , пренесуваат сите реномирани новинарски куќи во Италија.

Џенаро Гатузо дефинитивно заминува на крајот на сезоната а Спалети кој веќе две години е без работа,ќе го превземе кормилото на тимот од Неапол и контраверзниот Де Лаурентис.

Последен ангажман на Спалети беше сезоната  2018/2019 во која доби отказ од екипата на Интер и покрај пласманот во Лигата на шампионите.

Спалети има 456 победи, 222 ремија и 227 порази во досегашната тренерска кариера во која водел 905 меча, а со Рома освои два Купа и еден Суперкуп.

Спалети во кариерата беше тренер на Емполи, Сампдорија, Венеција, Удинезе, Анкона и Зенит.