Тренерот на Наполи, Лучано Спалети, е импресиониран од Елиф Елмас, македонскиот репрезентативец постигна гол на последната контролка на екипата, тренерот е задоволен.

Спалети имаше ден за средба со новинарите, говореше на разни теми, и за разни играчи, во фокусот Елиф Елмас.

„Едноставно не можете да го разберете квалитетот на Елмас, има премногу голем капацитет, може да го користите каде сакате во тимот. Веројатно се соочуваме со феномен. Тој е важен играч за кого јас многу добро знам каде ќе го користам во тимот“ – изјави Спалети.