Претседателот на ФК Вардар, Мирко Спасевски како поранешен играч на нашиот најтрофеен клуб има настапи во поранешна Југославија, се сеќава на полните стадиони, преносите, прегледите од одиграните натпревари, сега повторно фудбалот добива шанса во медиумите  и тоа на регионално ниво.

Спасевски истакнува дека е задоволен од овој договор, кој не би бил вели претседателот на Вардар, во ситуација кога се враќаме на ТВ и тоа пред повеќе милионска публика.

„Ова е одличен потег, го подржавме како клуб, мислам дека е добро што ќе има преноси, финансиите  и не се толку важни, многу е поважно што ќе не има на телевизија пред огромна публика и територија, секако имаме и обврски, предложивме обавезно брендирање на дресовите со презимиња на играчите како и секаде во светот, треба да ја подобриме  и инфраструктурата, има причина за задовлоство но и ние треба да се потрудиме да изгледаме добро“ – вели Спасовски за дриблинг.

Македонската Прва фудбалска лига за прв пат ќе се емитува на регионално ниво, националниот сервис е дел од овој договор, ПМФЛ се враќа на МТВ.