Италијанската фудбалска федерација побара од „Скај Италија“ да дозволи сободен пристап за сите гледачи во земјата од дуелот меѓу Јувентус и Интер на 1. март во Торино.

Коронавирусот ги „избрка“ гледачите, натпреварот ќе се игра зад затворени врати, ФФ на Италија побара од медиумскиот партнер оваа средба да биде достапна за сите, не само за претплатниците на групацијата „Скај Италија“.

„Ова е посебна ситуација, сите сакаат да го гледаат натпреварот, мораме да отстапиме, ќе овозомпжиме сите гледачи во Италија да можат да го гледаат дербито“ – изјави Марцио Перели, потпретседателот на групацијата „СКАЈ“

Според најавите од компанијата, Јувентус -Интер на 1. март ќе се емитува и на „ТВ 8“, овој канал не екодиран во рамки на пакетите на „Скај“  и најверојатно ќе биде решение за сите гледачи во Италија.