В недела Интер го пречекува Јувентус во дербито на 7. коло во калчо лигата, овој меч кој го носи епитетот „ Derby d’Italia “ ги руши сите рекорди.

Стадионот „Џузепе Меаца“ е распродаден, Интер ќе инкасира рекордни 7 милиони евра.

Овој спектакл ќе го пренесуваат над 40 телевизии во повеќе од 200 земји на планетата. Билети купиле љубители на фудбалот од 100 различни нации според информацијата на „GazzettadelloSport“.

Натпреварот меѓу Интер и Јувентус в недела се игра од 20-45 часот.