Македонската фудбалска репрезентација одржа тренинг во Рига, сите се подготвени за мечот со Летонија и спремни за победа.

Стефан Спировски смета дека Македнија е подобар тим, не е важно со колку ќе победиме , важно е да запишеме победа.

„Во Израели згубивме два бода, можеме да бидеме задоволни од резултатот а можевме и да победиме.Мислам дека сме подобар противник од Летонија, ќе пробаме да ги искористиме нивните слабости. Доволно е да победиме, гол разликата не е важна“ – изјави Спировски.