Дарко Велковски и Стефан Спировски ќе бидат на располагање на селекторот Игор Ангеловски за средбите со Австрија и Израел, последни во квалификациите за ЕП 2020 година.

Спировски и Велковски практично добија дозвола од лекарскиот тим на репрезентацијата по извршените прегледи, ќе настапат на последните две средби.

Македонија во сабота и гостува на Австрија, потоа во Скопје гостува Израел.