Македонската репрезентација во полна пареа се подготвува за дуелот во четврток против селекцијата на Словенија во рамки на квалификациите за ЕП 2020.

Играчот за врска Стефан Спировски од овој меч очекува максимална подршка од навивачите како би оствариле победа.

„Очекувам полн стадион и 30.000 илјади публика како би ја оствариле оваа посакувана победа. Сигурен сум дека ќе го дадеме максимумот, а доколку ги поправеме ситните грешки од првиот меч во Љубљана мислам дека сме поблиску до трите поени“ – изјави Спировски.

Македонија по 6 одиграни има 8 бода и со евентуална победа против Словенија ќе се израмнеме со нив и целосно ќе се вратиме во борба за второто место кое обезбедува пласман на континенталниот собир.