Џенова утре го пречекува Торино на „Луиџи Ферарис“, натпревар од  14. коло во калчо лигата, Горан Пандев е најавен во почетниот состав.

Пандев настапи на речиси сите средби за Џенова сезонава во Серија А, одигра 423 минути на 12 мечеви, реализираше два гола.

Со доаѓањето на Тиаго Мота, капитенот на македонската репрезентација има поголема минутажа и се почесто е во првиот тим на Џенова.

Џенова утре го пречекува Торино, тимот на нашиот Пандев е на 18. место со 10 бода, Торино во пресрет на оваа средба со 14 бодови е на 12. место.