Како што пишува „Sport Mediaset“ Мауро Икарди останува во Интер и ќе го носи дресот со број 7 откако по доаѓањето на Ромелу Лукаку деветката му беше доделена на Белгиецот.

„Sport Mediaset“  тврди дека Икарди побарал да го носи дресот со број 7 и тоа се толкува како обид да се „смири“ со раководството на клубот.

Аргентинецот не е во планот на Антонио Конте но откако не се најде клуб за него се чини дека е можно да дојде до помирување и Икарди да биде дел од ростерот на Интер сезонава.