Спортинг Лисабон искористи дел од парите земени од Манчестер Јунајтед за Бруно Фернандеш и за 10 милиони евра го купи тренерот на Брага, Рубен Аморим, што е трет најскап тренерски трансфер на сите времиња, по оние на Андре Вилјаш Боаш и на Брендан Роџерс.

Десет милиони евра беше откупната клаузула на Аморим, кој само 6 месеци ја води Брага.

Интересно е и тоа што скапиот Аморим уште ги нема ни „Про“ ни „А“ лиценци и допрва ги посетува тренерските курсеви.

Уште поинтересно е тоа што Брага од продажба на тренери си направи бизнис, бидејќи оваа година го продаде и Абел Фереира во ПАОК, за 2,5 милиони евра.