Македонскиот репрезентативец Илија Нестровски е нов играч на Удинезе, ова го тврди „Sportitalia“ која пишува дека клубот од Удине го договорил нашиот репрезентативец.
Според овој извор, Нестровски наскоро оди на медицински прегледи и потоа ќе се официјализира договорот со Удинезе.
Оваа информација ја пренесе и „calciomercato“ кој тврди дека Удинезе ги победил Болоња и Торино во трката за потпис на македонскиот напаѓач.
Тренер на екипата на Удинезе е Хрватот Игор Тудор, тој инсистирал да биде доведен Несторовски кој кариерата ја продолжува во Италија.
Be the first to write a comment.