Со одлука на Владата на Македонија, спортот може да функционира во сите категории но со задолжителни Ковид тестирања, одлуката е во сила и тоа значи дека сите екипи ќе мора да ги тестираат своите играчи и спортисти пред секој натпревар.

Ова е сериозен финансиски удар за клубовите и федерациите, во екипните и поединечните спортови, пред секој натпревар тест, тоа е голема финансиска обврска.

ФФМ прва реагираше и за тие екипи од Прва и Втора лига ќе ги плати тестирањата, најдобрата спортска федерација во интерес на фудбалот, ќе им помогне на клубовите.

Проблем е за финансиски послабите федерации, од друга страна поединечните спортови, како бокс, борење, карате, добија можност да организираат првенства но со задолжително тестирање на коронавирус.